Скопјанец со мотор разнесувал дрога

Од МВР ја потврдуваат акцијата, а детали за истата најавија во текот на денов.

Јавното обвинителство од Скопје извести дека започнало истрага против 22-годишен скопјанец кој е осомничен дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Според досегашните наоди, на девети овој месец полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани додека возел моторцикл без регистарски таблици. Наместо да запре, сега осомничениот се обидел да избега, но бил спречен во намерата.

При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса полна со марихуана. Дрогата ја носел за продажба. ОЈО за дилерот побарал судија на претходна постапка да му дореди притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот