Скопјанец повреден откако паднал од зграда во Аеродром

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во вчера наутро во полиција пријавил дека маж паднал од зграда и удрил во тендата на објектот.

Според пријавата на чуварот, инцидентот се случил околу 6.40 часот, додека тој бил на работното место, а човекот паднал од четвртиот или петтиот кат на зградата.

Екипата на брзата помош констатирала дека повредениот човек е 46-годишниот П.Ј. од Скопје. Тој веднаш бил пренесен во Ургентен центар каде му биле константирани тешки повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот