Скопјанец обвинет за незаконско поседување оружје

Илустрација/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Имено, нa 19 мај, во сопствениот патнички автомобил марка „фолксваген“ обвинетиот држел огнено пиштол „Берета“ за кој немал дозвола за поседување.

Пиштолот го сместил под воланот, во механизмот за подесување на висината на воланот. Оружјето било откриено на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје, при преглед на возилото.

Истовремено, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот