Фото: МВР / илустрација

Скопјанец сред бел ден возел труп пијан и удрил во две паркирани коли

Уапсен е скопјанец кој сред бел ден возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој е задржан во полициска станица а возилото му е одземено.

На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот