Фото: МВР

Скопјанец ја убил сопругата и тргнал да бега – фатен е на Табановце

Скопјанец попладнево со остар предмет ја убил сопругата во семејната куќа во Скопје и избега, но полицијата за кратко го фатила на граничниот премин Табаноце.

-Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”. Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – соопшти МВР.

Тој е приведен и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот