Скендер Реџепи дава оставка од координатор на Алијанса и на Алтернатива, во игра е за нов потпретседател на Собранието

Скендер Реџепи
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи преку Фејсбук информира дека утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека повеќе не е координатор на пратеничката група на Алтернатива и на Алијанса за Албанците. Реџепи, според информации на „Слободен печат“ можно е да биде нов потпретседател на Собранието откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство. Изборот за потпретседател на Собранието од Алтернатива ќе биде меѓу Реџепи и пратеникот Хусни Исманили.

Според информации од Алтернатива потпретседателската функција во Собранието е дел од пакетот за поделба на ресорите помеѓу премиерот Зоран заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши за влез на партијата во власта.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците – се вели во објавата на Реџепи.

Собранието сега има двајца потпретседатели и тоа Горан Мисовски од власта и Фадил Зендели сега од опозициската Беса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот