Скандинавска борба во Токио, Германија за полуфинале против Египет

Фото: EPA-EFE/WU HONG

Денеска заврши групната фаза на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио, по што се дознаа и четвртфиналните двојки.

Во дербито на колото кое го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија во рамките од групата „А“ Норвешка триумфираше со 32:29 против Франција за прв пораз на „триколорите“ во јапонскиот град.

Сагосен беше најзаслужен за триумфот со седум голови, два повеќе од Гуликсен, а за Французите по пет голови имаат Н. Карабатиќ и Дескат.

Конечна табела, група „А“: Франција 8 бодови, Шпанија 8, Германија 6, Норвешка 6, Бразил 2, Аргентина 0.

Конечна табела, група „Б“: Данска 8 бодови, Египет 8, Шведска 8, Бахреин 2, Португалија 2, Јапонија 2.

Во продолжение погледнете ги четвртфиналните двојки чии натпревари ќе се одржат на 3 август: Франција-Бахреин, Германија-Египет, Шведска-Шпанија и Данска-Норвешка.

Очекуваме Николов и Начевски да продолжат со своето судење на ракометниот турнир во Токио, досега делеа правда на пет средби: Шпанија-Норвешка 28:27, Франција-Германија 30:29, Норвешка-Франција 32:29, Португалија-Египет 31:37 и Португалија-Данска 28:34.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот