Скандалозно: Полицијата од Солт Лејк Сити изрешета аутистично момче (13) со 11 куршуми (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Тринаесет годишно момче од Јута, Линдон Камерон,кое имало дијагностициран аутизам е застрелано од полицијата откако неговата мајка побарала помош за да го однесат во болница на лекување во центар за ментално здравје и полицијата се согласила да разговара со него, покажува снимката објавена во понеделникот, пишува Гардијан.

Понатаму видеото покажува како полицајците од Солт Лејк Сити го бркаат во уличка откако дошле до неговиот дом, а потоа му се дереле да легне на земја. Момчето паѓа откако во него се истрелани 11 куршуми. Тој го преживеал нападот но имал скршени коски и повреднеи органи, соопшти адвокатот на семејството. Момчето останува во болница.

Неговата мајка, Голда Бартон ја предупредила полицијата дека нејзиниот син, претходно тој ден на 4. септември имало пиштол и се заканувало дека ќе пука во нејзин колега и ги искршил прозорците на домот. Но таа исто така им рекла на полицајците дека пиштолот бил играчка или лажливец. Немало индикации дека бил вооружен.

Мајката сакала тој да биде хоспитализиран поради неговите ментални проблеми.

Полицајците продолжиле со акцијата мислејќи дека момчето има вистински пиштол, покажува видеото. Бартон изјави дека синот се вознемирил кога ги видел униформираните полицајци:

„Кога ги видел автоматски мислел дека тие ќе го убијат или дека мора да се брани на некој начин и се избезумил“, вели мајката.

Видеото снимено од камера на појасот на полицаец, е објавено согласно прописите на Солт Лејк Сити со кои полицијата мора да ги објави своите видеа во рок од 10 работни денови.

И ова пукање отвори прашања дали полицијата знае да се справи со луѓе со ментални проблеми и дека е потребна реформа и во овој правец. Ќе биде покрената истрага против полицајците кои се вмешани во пукањето врз момчето, а делото се смета како уште еден акт, во низата демонстрации на полициска бруталност во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот