Скандал во ОН: Обезбедувањето се обиде да го отстрани знамето на Србија пред почетокот на седницата

photo: Kurir

Пред почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН се случи скандал.

Обезбедувањето на ОН се обиде да го отстрани знамето на Србија кое го носеше делегацијата на претставниците на српските жртви од Босна и Херцеговина, пренесува српски „Курир“.

Во Њујорк во тек е Генералното собрание на ОН каде ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во седиштето на ОН, а во пресрет на седницата, Вучиќ порача дека Србија на секој можен начин треба да се бори за интересите на својот народ.

„Ќе им одговорам силно и храбро колку што имам храброст. Со се што имам – храброст, знаење и сила ќе им одговорам. И искрено ќе им одговорам. Ќе им одговорам, ќе се бориме. Нашата нација не е геноциден народ “, порача српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот