Сити исплашен против Пеп, 100 милиони како „прва помош“!

twitter.com/City_Xtra

Поразот тешко му падна на Сити, но во клубот се убедени дека ништо не е готово кога станува збор за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Покрај тоа, „граѓаните“ планираат да потрошат пари во наредните два преодни рокови, со цел да најдат замени за тројца играчи.

Винсен Компани кој си замине, но и Давид Силва и Серхио „Кун“ Агуеро би требало да добијат наследници. Секако тука е Жезус, како и Фоден за средината на теренот, но клубот сака да обезбеди на време и да доведе уште тројца млади фудбалери.

Вчера се појавија информации дека Пеп планира да си замине од „Етихад“ наредното лето и дека неговата жена е веќе во Барселона, односно дека ќе си оди од Англија, но тој тоа го демантираше од негови блиски извори е соопштено дека ќе го почитува договорот со Манчестер сити и дека уште една година ќе остане верен на „граѓаните“.

Се шпекулираат многу имиња, се спомнува Бен Чилвел од Лестер кој може да игра и како бек, но и „стопер“ доколку Пеп проба со формација 3-4-3 што му е идеја веќе одредено време. Отаменди би можел да си замине, па Чилвел би го земал неговото место.

Се говори и името на Дембеле во кој Сити би вложил пари од продажбата на Сане кој не сака да потпише нов договор. Потоа, се зборува и чудото од дете, Рик Ричардс од ВБА кој има 16 години, а се чека и расплетот околу Калиду Кулибали во Наполи.

Во секој случај, следуваат големи потези и подмладување на екипата, но клубот и понатаму се надева дека Пеп ќе се предомисли и ќе го продолжи договорот, односно ќе остане во Сити после летото 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот