Ливерпул ги прегази „граѓаните“ на „Енфилд“ (ВИДЕО)

twitter/Premier league

Ливерпул со 3:1 го совлада Манчестер сити во дербито на 12. коло од Премиер лигата и потврди дека е главен фаворит за освојување на титулата. По 12. кола, Ливерпул со 11 победи и само едно реми е лидер на табелата со 34 бодови, осум повеќе од Лестер и Челси, додека Манчестер сити заостанува девет бодови и по поразот падна на четвртото место на табелата.

„Црвените“ победата ја најавија со два гола во првите 13 минути. Првиот гол беше дело на Фабињо во шестата минута, откако во претходната акција на Манчестер сити, судијата Мајкл Оливер не досуди пенал поради играњето со рака на Трент Александер-Арнолд, и по проверката на ВАР покажа на центарот за водство на Ливерпул.

Само седум минути подоцна, во 13 минута, по уште еден контранапад, најснаодлив во шеснаесетникот на Клаудио Браво беше Мохамед Салах кој нафрлената топка од Ендрју Робертсон ја глава ја смести во мрежата на „граѓаните“. И тука ВАР технологијата одлучи дека Салах не се наоѓа во офсајд позиција и судијата го призна голот.

На стартот од второто полувреме, Садио Мане зголеми на 3:0, а почесниот гол за Манчестер сити го постигна Бернардо Силва во 78. минута.

Идентичен триумф од 3:1 оствари и Манчестер јунајтед против Брајтон. Переира, Рашфорд и автоголот на Пропер беа доволни за убедлив триумф на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот