Сите средства од билетите за натпреварот со Велс ќе бидат донирани на настраданите во трагедијата
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го победи Лихтенштајн во Вадуц со 0:3 и така успешно ги стартуваше квалификациите за Светското првенство.
Препорачано
Во следното коло кое на програмата е за три дена Македонија ќе игра на домашен терен против Велс, а првиот човек на фудбалската федерација, Масар Омерагиќ информираше дека средствата собрани од билетите за овој натпревар ќе одат за настраданите во трагедијата во Кочани.
Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.
Се гледаме во вторник на Националната арена”.
Натпреварот против Велс го играме во Скопје во вторник во терминот од 20:45 часот.
ВИДЕО | Eмотивен момент во Вадуц: Фудбалерите и навивачите гласно ја запеаа македонската химна


