Бедуински борци навлегоа во територијата на Друзите во Сирија/Фото: EPA/AHMAD FALLAHA

Сирија: Израел дозволува ограничен пристап за сириските сили до Свеида

Израел се согласи да дозволи ограничен пристап на сириските сили до регионот Свеида во јужна Сирија во следните два дена, изјави во петокот за Ројтерс израелски функционер, по неколкудневното крвопролевање.

„Поради тековната нестабилност во југозападна Сирија, Израел се согласи да дозволи ограничен влез на (сириските) сили за внатрешна безбедност во регионот Свеида во следните 48 часа“, рече функционерот, зборувајќи под услов на анонимност.

Се потсетува дека владините сили се повлекоа од Свеида во среда навечер, велејќи дека постигнале прекин на огнот со локалните сили на Друзите.

Сепак, борбите во Свеида се чини дека продолжија во петок, а еден бедуински воен командант изјави за Ројтерс дека нивните борци започнале нова офанзива против Друзите.

Во меѓувреме, и покрај одобрението од Израел, портпарол на сириското Министерство за внатрешни работи изјави дека нема планови за повторно распоредување на владините сили во областа, според државната новинска агенција.

Сириските трупи се повлекоа од Свеида во среда по краткото примирје, но судирите повторно се разгореа во четврток вечерта меѓу милицијата Друзи и племенските вооружени лица од бедуините.

Дамаск испрати воено засилување во Свеида претходно оваа недела, со цел да ги смири некои од најжестоките внатрешни борби откако преодната влада ја презеде власта кон крајот на минатата година. Според Сириската мрежа за човекови права, најмалку 254 лица се убиени во четиридневните судири, вклучувајќи медицински персонал, жени и деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот