Синовите на милијардерот Босов се сомневаат дека е убиен, а сега дојде и до пресврт во истрагата

Фото: Profimedia

Сопругата и чуварот го нашле неговото тело во теретаната, наводно пиштолот му бил во рака. Не оставил проштално писмо.

Двајцата синови на „рускиот барон“ на јагленот е пронајден мртов во својата приватна теретана се сомневаат дека нивниот татко е убиен.

Рускиот милијардер Дмитриј Босов и татко на пет деца, е пронајден мртов во својата куќа во московското предградие, а официјални лица велат дека се работи за самоубиство. Телото на Босов го пронајде неговата сопруга Катерина.

Извори за весникот „Комерсант“ изјавија дека сопругата на бизнисменот, кој престанал да одговара на пораките, се посомневала дека нешто не е во редч. Враќајќи се дома, заедно со чуварот ги погледнала снимките од надзорните камери и видела дека Босов влегува во нивната теретана. Вратата била заклучена од внатре.

Го нашле неговото тело, наводно пиштолот му бил во рака. Не оставил проштално писмо.

Меѓутоа, неговите полнолетни синови побараа детална истрага за да се утврди дали станува збор за убиство, пишува весникот „Московски Комсомолец“.

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот