Синот на Робин Вилијамс со нови детали за болеста на неговиот покоен татко

robin williams
Фото: EPA-EFE / Принтскрин Instagram

Актерот Робин Вилијамс, кој си одзеде животот во август 2014 година, на 21 јули ќе го прославеше својот 70-ти роденден, а по тој повод неговиот син Зак во поткастот „Genius Life“ прозборе за влијанието на погрешната дијагноза на неговиот татко и траумата со која тој се соочил по неговата смрт.

Зак, кој денес е поборник за ментално здравје, во средата беше гостин на подкастот „Genius Life“ и разговараше со домаќинот Макс Лугавере за фрустрациите и непријатноста на неговиот татко пред да почине.

robin williams
Фото: EPA-EFE/TRACEY NEARMY

Она што го гледав беше фрустрација“, рече Зак за погрешната дијагноза на неговиот татко за Паркинсонова болест.

Години по неговата смрт, беше откриено дека Робин всушност боледувал од „Lewy body“ деменција, втора најчеста прогресивна деменција по Алцхајмеровата болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zak pym williams (@zakpym)

Она низ што минуваше не одговараше на она што го доживуваат многу пациенти со Паркинсон. Значи, мислам дека му беше тешко“, рече Зак и подетално ја опиша состојбата на неговиот татко.

„Имаше проблеми со фокусот, што го фрустрираше, имаше проблеми со тоа како се чувствува, а ниту од невролошка перспектива не се чувствуваше одлично. Тој беше многу непријатен“, рече Зак, кој верува дека лековите на неговиот татко, поради погрешна дијагноза, направиле повеќе штета отколку корист.

robin wiliams
Фото: EPA-ЕFE/BALLESTEROS

Тие лекови не се шега и се многу тешки за умот и телото“, рече Зак.

Овој вид мозочна болест која влијаела на размислувањето, меморијата и контролата на движењето на Вилијамс, што, според неговиот син, го правело функционирањето на актерот многу предизвикувачко.

Зак вели дека не можел да му помогне на својот татко освен да сочувствува со него, поради што и самиот се чувствувал фрустриран, што навистина може да биде изолирачко дури и кога сте опкружени со семејството и најблиските.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zak pym williams (@zakpym)

Симптомите на Вилијамс значително се влошиле две години пред неговата смрт

 

Тоа беше… Не сакам да кажам дека тоа беше краток период. Чувствував дека беше многу подолго отколку што навистина беше, бидејќи тој период беше период на интензивна потрага и фрустрација за него“, рече Зак, а потоа откри како самоубиството на неговиот татко влијаело и врз сопственото ментално здравје.

„Пиев многу за да се справам со своите ментални проблеми, што создаде уште поштетни проблеми. И лично имав здравствени проблеми и доживував психоза. Кога отидов на психијатар, ми беше дијагностициран посттрауматски стрес“, рече Зак, додавајќи дека својата траума ја лекувал со алкохол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EDGE Magazine (@edgemagnj)

Од сопствените тешкотии со депресијата, Зак се извлекол работејќи на унапредување на важноста на менталното здравје.

Едноставно бев уморен од обидот за лечење со штетни средства“, рече Зак кој спасот го пронашол во групна терапија и програма за рехабилитација во 12 чекори.

Robin Williams
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

„Научив дека не сум скршен. И покрај доживеаните трауматски случувања, можам да се опоравам. Сега сум на пат кон заздравување и станување личност каква што отсекогаш сум сакал да бидам“, изјави Зак за списанието „People“ во октомври минатата година.

Крајот на кралот на комедијата: Вака изгледале последните денови на Робин Вилијамс (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот