Синот на Оливер Мандиќ непоправлив: По завршувањето на казната затвор, сега е хоспитализиран поради непресметливост

Даријан Мандиќ, синот на пејачот Оливер Мандиќ, бил пренесен во Специјалната затворска болница затоа што вештачење утврдило дека е непресметлив, дознава Нова.рс.

Instagram

По истекувањето на рокот од 30 дена затвор поради непочитување на мерките за забрана за пристап до неговата поранешна сопруга Јелена по семејното насилство, Даријан Мандиќ бил префрлен во Специјалната затворска болница.

Комисија составена од тројца експерти утврди дека Даријан Мандиќ е непресметлив.

Како што дознава Нова.рс, на Даријан му е одреден притвор, а според наредбата на Третото основно обвинителство, за неговиот случај ќе биде поднесен предлог за изрекување мерка на безбедност и третман.

Да потсетиме, синот на пејачот Оливер Мандиќ пред еден месец го демолираше автомобилот на неговата поранешна сопруга Јелена Мандиќ, по што беше испратен на издржување казна од 30 дена затвор.

 

Помладиот Мандиќ и бил познат на полицијата по насилното однесување од порано. Во јули оваа година тој беше уапсен во неговиот стан во Вождовац, по интервенција на полицајците кои дошле откако неговата мајка Мирјана пријавила кривично дело семејно насилство.

Мирјана, наводно, повикала полиција и рекла дека нејзиниот син се расправал со неа, како и дека станувал сѐ поагресивен и се заканувал дека ќе ја претепа. Кога пристигнала полицијата, таа наводно не сакала да разговара со нив, а Даријан почнал да ги навредува, па бил приведен и задржан за спречување службено лице во извршувањето на службените должности.

Потоа му беше одреден притвор до 48 часа, а по сослушувањето во Второто основно јавно обвинителство во Белград, тој беше ослободен да се брани од слобода.

Facebook

Мирјана подоцна ги негирала овие наводи.

„Никогаш не ме тепал, ме тепаше мојот бивш сопруг. Со син ми секогаш се карам дека го брани татко му.“

Мајката на Даријан и бивша сопруга на Оливер Мандиќ за српските медиуми зборуваше за проблемите со Оливер Мандиќ што ги имале додека биле во брак.

„Го условив: или ќе родам второ дете или го напуштам. Или ќе се тргне од сцената, од алкохолот и од сѐ или развод! Секогаш го следев на турнеите, сите нѐ знаеја. Оливер секогаш имаше страв да се појави во јавност без мене, беше несигурен поради големиот број публика. Беше страшно љубоморен. Првпат кога побегнав од дома беше откако ме држеше два часа заклучена во бањата. Успеав некако да излезам оттаму, меѓутоа тој ме турна по скалите. Вториот пат беше страшно. Побегнав кај мајка ми и тој дојде сосема полуден. Ја скрши вратата и ме претепа. Да не беше Пеџа д`Бој, Оливер тогаш ќе ме убиеше“, рекла Мирјана, пренесе Директно.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот