Симева: Мојот сон е настап на грен слемови, освојувам ВТА турнири!

maliigraci.rs

На државното сениорско првенство Симева во женска конкуренција беше поуспешна од Јана Стојанова со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:4. Исто така на терените на ТК Југ во машка конкуренција Горазд Србљак беше најдобар кој пак со 2:1 (3:6, 6:3, 6:2) славеше против Димитар Грабул.

– Да, тоа е успех за мене бидејќи сум најмлада шампионка на државно првенство за жени во Македонија до сега и тоа е голем мотив за мене за понатамошните турнири – ни изјави Симева.

Симева („Тенис Парк“ Скопје) која воедно е и државен првак до 14 и 18 години, учествува и на меѓународните турнири, своевремено финалистка во Романија и Германија, лани беше блиску да ја освои Барселона, со титула во сингл и дубл во Турција. Тука може да се додаде и една од нејзините најдраги титули на „Dubrovnik Dud Bowl“ (У13). Прво место во сингл и дубл на ИТФ Тенис Европа (ITF/Tennis Europe Development).

– Моите наредни турнири се 2 ITF U18 во Скопје и имам во план уште неколку ITF турнири надвор од Македонија до крај на годината – вели македонската тениска шампионка.

tennisfoto.net/Richard van Loon

Таа воедно ги следи и настапите на најдобрите во овој спорт, нејзиниот идол е швајцаркиот тенисер Роџер Федерер, човек со многу грен слем турнири, кој носи огромно искуство, едно од најголемите тениски имиња кое и покран неговите 37 години доминира на терените.

– Мојата најголема желба и сон е да учествувам и освојувам ВТА турнири и грен слемови – додаде Симева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот