Сијуксите од Јужна Дакота контра гувернерката: „Ние сме остров на безбедноста во морето на смртта”

Индијанските племиња Сијукси, во американската држава Јужна Дакота одбиваат да ги отстранат контролните пунктови за превенција од коронавирусот, поставени на патиштата што минуваат низ нивната земја.

Би-Би-Си јавува дека гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, минатата недела им пишала писмо на поглаварите на неколкуте племиња, во кое навела дека контролните пунктови се нелегални.

Сијуксите веруваат дека контролите се единствениот начин да се осигури дека вирусот нема да се внесе во нивните резервати и додаваат дека заради ограничениот капацитет на здравствените установи  тие не би можеле да се справат со епидемијата.

Во моментов, само оние кои не патувале во жариштата со Ковид 19 можат да влезат во резерватите, под услов да имаат важна работа и да пополнат здравствен прашалник.

Гувернерката Ноем им се закани на двете племиња, Оглала Сијукс и Чајен, дека ќе ги изведе пред Федералниот суд  доколку не ги почитуваат наредбите за отстранување на контролните пунктови.

Поглаварот на Чаените, Харолд Фрејзер, во одговорот фо гувернерката наведува дека „нема да се извиниме затоа што ние сме остров на безбедноста во морето од неизвесност и смрт. Вие продолжувате да се мешате во нашите напори да го направиме тоа што го диктираат науката и фактите, сериозно поткопувајќи ја нашата способност да ги заштитиме сите резервати “.

Јужна Дакота е една од ретките американски држави што не издаде наредба до своите жители да останат дома.

Меѓу Индијанците до вчера имало 198 заразени со коронавирус,  а има во самата Јужна дакота досега има повеќе од 3.500 потврдени и најмалку 34 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот