Сијарто: Унгарија продолжува да го поддржува Балканот на патот кон ЕУ

Петер Сијарто/ Фото: EPA/VASSIL DONEV

Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори со цел унапредување на доближувањето на земјите од Западен Балкан до Европската унија, што е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.

Тој ова го напиша на својот профил на Фејсбук, а по разговорот со неговиот црногорски колега Срѓа Дармановиќ.

Сијарто додаде дека унгарското Министерство за надворешни работи веќе назначило експерти за интеграција, кои ќе работат со владите на земјите од Западен Балкан, кои се во преговори за членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот