Си Џинпинг испрати телеграма со сочувство до Путин

путин и си џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џипинг EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин поради терористичкиот напад во близина на Москва во кој загинаа повеќе од 60 лица, јавуваат кинеските медиуми.

„Кина се противи на сите форми на тероризам, остро го осудува терористичкиот напад и ги поддржува напорите на руските власти да ја заштитат националната безбедност“, истакна кинескиот претседател во телеграмата со сочувство, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Путин им посака брзо оздравување на повредените во терористичкиот напад

Во терористичкиот напад во Москва загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.

Најмалку 60 мртви и 145 повредени во терористичкиот напад близу Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот