Путин им посака брзо оздравување на повредените во терористичкиот напад

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин им посака оздравување на повредените во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ близу Москва и го пофали ангажманот на медицинскиот персонал, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Таа рече дека претставници на руската Влада, вклучително и министерот за здравство Михаил Мурашко, го информирале Путин за здравствената состојба на повредените, на кои претседателот им посакал оздравување.

Во терористичкиот напад во Москва загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Нападот се случи кога неидентификувани маскирани лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.

Најмалку 60 мртви и 145 повредени во терористичкиот напад близу Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот