Фото: EPA/JAMES ROSS

Швјонтек закажа четвртфинале против Рибакина на Австралија опен

Денеска во осминафиналниот меч на Австралија опен во женска конкуренција, втората носителка на турнирот Ига Швјонтек со 2:0 во сетови 6:0 и 6:3 триумфираше над Медисон Инглис.

Во борба за полуфинале полската тенисерка Швјонтек ќе се соочи со Елена Рибакина од Казахстан која со 6:1 и 6:3 ја елиминираше Елизе Мертенс од Белгија.

Австралија опен е единствениот грен слем кој го нема освоено досега Швјонтек во нејзината кариера. Има четири титули на Ролан Гарос, а по една на Вимблдон и САД опен.

САД сигурно ќе има претставник во полуфиналето, четвртата носителка Аманда Анисимова за противничка ја има шестата носителка Џесика Пегула.

Првата носителка Арина Сабаленка во четвртфиналната фаза ќе игра против Ива Јовиќ (САД), додека третата носителка Коко Гоф (САД) за пласман во полуфиналето за противничка ја има Елина Свитолина (Украина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот