Шведската кралска двојка стави крај на гласините за разводот: За да го заштитиме семејството…
Шведската кралска двојка ретко зборува за својот приватен живот, но гласините за наводниот развод на принцезата Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел ги натераа да направат отстапка.
Имено, веќе некое време кружат гласини дека Викторија и Даниел се разведуваат, а сега парот реши да проговори.
„Дознавме дека се шират негативни гласини за нашиот приватен однос. Се шират гласини за предавство и неизбежен развод. Нормално, не ги коментираме гласините и шпекулациите. Но, со цел да го заштитиме нашето семејство, сакаме еднаш засекогаш да разјасниме дека гласините што сега се шират се целосно неосновани“, напишаа Викторија и Даниел.
View this post on Instagram
Шефицата за комуникации на шведското семејство, Маргарета Торгрен, пред неколку недели издаде соопштение во кое ги негираше гласините за наводниот развод, велејќи дека палатата нема да ги коментира таквите шпекулации. Но, бидејќи гласините продолжија, тие сепак мораа да реагираат.
„Ова беше извонреден случај, не сме се соочиле со тоа досега“, изјави Торгрен за шведскиот весник „Афтонбладет“.
Шведската престолонаследничка се омажи за Даниел во 2010 година во катедралата во Стокхолм и заедно имаат две деца.
View this post on Instagram