Шведска со нова тактика против короната – земјата во која беше лабаво, ги заострува мерките
Во Шведска стапи на сила новиот закон кој на министрите им дава овластување да затвораат објекти, како продавници, теретани и кина, првпат од почетокот на пандемијата од коронавирус.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овие мерки се изгласани во парламентот во Стокхолм во петокот, откако пратениците се повикани порано да се вратат на работа, во времето додека требале да бидат на одмор, пренесе Би-Би-Си.
Од почетокот на пандемијата Шведска имаше поинаков пристап од остатокот во Европа, без ненаметнати рестриктивни мерки.
Меѓутоа, според новиот закон и се дозволува на владата да ги заостри мерките, додека оваа земја се бори со многу висока стапка на зараза од коронавирус.
Владата веќе соопшти дека забранила собирање на повеќе од 8 лица на затворено како ресторани, апартмани и станови.
Истото важи за бројот на луѓе во теретаните, базените и продавниците, зависно од големината – зошто по лице потребен е простор најмалку од 10 квадратни метри.


