Шведска диета е хит во 2020, еве ги нејзините правила
Шведската диета доаѓа како контра-одговор на нутриционистите: Мастите не се штетни за слабеење, ниту сланината!
Пресврт во препораките за исхраната доаѓа по објавените резултати од двогодишното големо истражување направено во Шведска, со кое Шведската диета скокна високо на листата на најпосакувани и „најгуглани“ диети за 2020 година.
По истражувањето, шведските доктори доаѓаат до заклучокот дека „путерот, маслото, маслиновото масло, полномасната павлака и јогурт, па и сланината не се штетни намирници. Вистината е спротивна. Мастите се најдобар избор за оние кои сакаат да ослабнат. Не постои поврзаност меѓу големиот внес на масти во исхраната и кардиоваскуларните заболувања“. Ова известување потполно ги потресе насоките кои до сега ни ги даваа нутриционистите.
Основни правила на шведската диета
Наместо исхрана базирана на јагленохидрати, тука базата се протеините и природните масти, со голема количина на зеленчук и само малку намирници со природни шеќери и помалку штетни јагленохидрати. Тоа значи дека без ограничувања во количината е дозволено да се јадат сите видови на месо, па дури и чварки, а исто е и со јајцата, рибата – особено масната, богата со омега 3, и другата морска храна. Потполно е забрането да се јаде компир, тесто, ориз и шеќер.
Дозволен и забранет зеленчук
Наместо јагленохидрати за прилог се јаде зеленчук, како зелена салата, домати, зелка, блитва, спанаќ, тиквички, карфиол, брокула, кромид, лук, печурки, ѓумбир, дозволен е и малку грашок и боранија, но не и грав и леќа кои се недозволени бидејќи содржат јагленохидрати.
Млечни производи
Дозволени се лактоферментирани намирници како кефир, јогурт, мајонез и сосови направени дома со маслиново масло, без дополнителни вештачки додатоци и шеќер. Од билните масти дозволено е маслиновото масло, ланеното масло, кокосовото масло и авокадото.
Како се слабее со оваа диета
Редовната и обилна конзумација на намирници богати со јагленохидрати предизвикува претерано излачување на инсулин, го зголемува нивото на шеќер во крвта, па не држи во маѓепсан круг на глад. Со текот на времето доаѓа и до хронично зголемен инсулин и болести. Со прекинување на тој круг, со стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, постепено исчезнува и чувството на глад, па конзумираме се помалку храна. Кога храната е богата со протеини и зеленчук, како и со природни масти, и помала количина дава чувство на долготрајна ситост.