Швајцарија „одмрзна” руски имот вреден 3,4 милијарди франци

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Швајцарската влада објави дека замрзнатиот руски имот во таа земја изнесува 6,3 милијарди швајцарски франци и додава дека земјата „одмрзнала” вкупно 3,4 милијарди франци привремено блокирани имоти на руски државјани.

– Не можеме да ги замрзнеме средствата ако немаме доволно основа, рече Ервин Болингер, висок функционер во Државниот секретаријат за економски прашања, кој ги надгледува санкциите.

Швајцарија, популарна дестинација за московската елита и место каде се чува голем дел од богатството на Русите, е под зголемен притисок брзо да ги идентификува и замрзне имотите на стотици Руси под санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот