Швајцарија не ја пушта Шпанија да испрати швајцарски топови во Украина

Војник во Киев / Украина војна/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Владата во Берн денеска го отфрли барањето на Шпанија да дозволи извоз на противавионски топови од швајцарско производство во Украина.

Мадрид минатиот месец побара дозвола за извоз на топови со калибар од 35 милиметри.

Берн претходно ги отфрли и барањата на Данска и Германија, кои сакаа да испратат оклопни возила и муниција од швајцарско производство во Украина.

Денеска пак францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека дури и ако европските сојузници на Украина одлучат да испратат борбени авиони во Киев, тие нема да бидат испратени во „наредните недели“.

Не исклучувам ништо… но тоа не одговара на денешните барања“, рече Макрон по самитот на ЕУ во Брисел на кој присуствуваше и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Макрон предупредува дека е невозможно да се испратат воени авиони на Украина во наредните недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот