Што се случува во Наполи, пола тим на трансфер листа!

facebook.com/SSCNapoli/

На трансфер листата не се наоѓа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, иако во изминатиот период беше во центарот на вниманието поради тоа што не ја почитуваше клупската наредба да не дава изјави за медиумите додека траат лошите односи на релација меѓу Де Лаурентис и фудбалерите.

Првиот човек на „наполитанците“ има намера во зимскиот период да се ослободи од услугите на Лоренцо Инсиње, Алан, Дрис Мертенс, Хозе Марија Каљехон и Калиду Кулибали.

Клубот од „Сан Паоло“ се надева од нивната продажба ќе заработи најмалку 200 милиони евра и дека со тие пари ќе ангажира играчи кои би се бореле во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Останува да се види што ќе се случи во јануари, како и дали после големата криза на резултати, на клупата ќе остане Карло Анчелоти.

Сето ова се случува непосредно пред дербито во италијанското првенство каде што Наполи игра против Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот