Елмас ќе биде казнет од Наполи

facebook.com/SSCNapoli/

Додека Елмас со македонската репрезентација игра против Австрија во квалификациите за ЕП 2020, неговиот клуб Наполи објави шокантна вест, репрезентативецот ќе биде казнет.

Причината за казната од Наполи е поради тоа што Елмас не ја почитувал клупската наредба да не дава изјави за медиумите додека трае војната на релација Аурелио де Лаурентис – фудбалери.

„Наполи може да потврди дека Елиф Елмас раџговараше со новинар без дозвола од клубот за време на клупскиот бојкот. Затоа, Наполи има право да покрене постапка против фудбалерот“ стои во соопштението на Наполи.

Причината за ваквиот потег на управата на Наполи е изјавата на Елмас за „Кориере дело Спорт“ дека неговиот тим и покрај лошите резултати сè уште има шанси за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот