Што му прави на организмот истовремената зараза со грип и со коронавирус?

Времето на сезонски грип се ближи. Ако тој и коронавирусот се „судрат“, тоа може да создаде многу проблеми. Еве како може да влијаат врз нашето здравје.

Колку и да е голема непознаница коронавирусот, експертите немаат дилема за една работа – истовременото заболување од сезонски грип и од коронавирус би било катастрофално во однос на имунитетот.

Кога еднаш ќе добиете грип или некој друг респираторен вирус, тоа ќе го ослабне вашиот организам.

Вашата одбрана паѓа, станувате ранливи и поволни за добивање друга инфекција, велат експертите.
И коронавирусот и грипот можат да ги нападнат белите дробови, потенцијално предизвикувајќи воспаление, вода во белите дробови или застој на респираторните функции. Секоја болест, освен тоа, може да предизвика сепса, воспаление на срцето, на мозокот или на мускулните ткива. Меѓутоа, сè уште не постојат податоци врз чија основа би знаеле што точно се случува кога некој ќе се разболи истовремено.

Мајкл Метју, професор по медицина и специјалист за интензивна нега на Универзитетот во Сан Франциско, вели дека потенцијалот за воспаление на белите дробови ќе биде поголем доколку телото се зарази и со грип и со ковид-19.

– Овие два вируса заедно можат дефинитивно да ги оштетат белите дробови и да предизвикаат респираторни проблеми. Акутното задушување на дишните патишта може да биде опасно по живот – вели проф. Метју.

И грипот и коронавирусот имаат слични симптоми – температура, кашлица, отежнато дишење, замор, болки во грлото, болки во телото и течење на носот. Некои луѓе може да имаат нагон за повраќање и пролив. Единственото нешто што дефинитивно ги разликува, барем засега, е губењето вкус и мирис, карактеристично за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот