Што им е најважно на современите родители за нивните деца?

деца училиште
фото: unspalsh

Што им е најважно на современите родители за нивните деца? Според најновите истражувања, образованието и однесувањето на децата во училиште им се на второ место по важност на родителите.

За околу 60% од родителите, поважно е нивното дете да има социјални вештини.

6 од 10 родители повеќе сакаат нивните деца да растат со оформени социјални вештини одошто академско образование. Истражувањето на 2.000 родители на деца на возраст од 3 до 10 години покажува дека скоро сите родители сметаат дека емпатијата е клучна социјална особина која треба да ја развиваат кај своите деца.

Друга вештина која родителите сакаат да ја развиваат кај своите деца, се разбирањето на сопственото однесување и неговите последици, разбирањето на туѓите ставови и способност за соработка со другите. Речиси 75% од родителите се загрижени дека пандемијата на коронавирусот може да влијае на социјалните вештини на нивните деца и комункацијата со другите – пренесуваат од „Index.hr“

Барби кукли
EPA/ROMAN RIOS

Невролозите од Универзитетот во Кардиф соработувале со еден од најпознатите брендови за кукли, и користеле техника на скенирање мозок, наречена near infrared spectroscopy, прегледувајќи ги ефектите од игрите со кукли. Тимот ја набљудувал мозочната активност на 33 деца на возраст од 4 до 8 години кои си играле со куклички. Истражувањето открива како играњето со кукли му помага на детето да развие емпатија, но и да креира улоги и да ги подобри своите социјални вештини.

Освен тоа, игрите со кукли се важен дел од развојот на детето без оглед на полот – тие се пример за активирање на говорниот апарат и идентификација со „суштество“ со кое може да се комуницира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот