Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Нема подобро време за гледање интересен филм или серија од викендите. Но, веруваме дека на многумина им e познато чувството – „што да се гледа вечерва“.

Затоа ние одбравме неколку предлози кои можеби ќе го привлечат и вашето внимание.

Let Them All Talk – Филм на „HBO“

Приказна за една прославена авторка која патува со нејзините стари пријателки сакајќи малку да се забавуваат и да ги „излечат“ старите рани. Нејзиниот внук доаѓа на патувањето заедно со нив, како и нејзината агентка која е очајна да дознае нешто за нејзината следна книга. Но, дали наместо тоа ќе пронајде љубов?

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 6.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%.

The Umbrella Academy – Серија на „Netflix“

Еден ден во 1989 година, 43 новороденчиња се раѓаат необјасниво од тотално неповрзани жени кои не покажале знаци на бременост до претходниот ден. Седуммина од новороденчињата ги посвојува милијардерот Сер Реџиналд Харгривис. Тој ја создава академијата и ги подготвува своите „деца“ да го спасат светот. Кога шесте преживеани членови на кланот се обединуваат по веста за смртта на Харгривис, тие се обидуваат да ја решат мистеријата околу смртта на нивниот татко, но дивергентните личности и способности повторно го раздвојуваат отуѓеното семејство!

Жанр: фикција/акција / IMDB оценка: 8 / Rotten tomatoes рејтинг: 83%.

The Flight Attendant – Серија на „HBO“

Животот на една стјуардеса буквално се превртува наопаку откако ќе се разбуди во една хотелска соба со мртов човек, а таа не се сеќава што се случило! Приказна за тоа како може да се промени животот во целост за само една ноќ. Овој комичен трилер е базиран на истоимениот роман на Крис Бохалијан.

Жанр: комедија / трилер / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%.

Becoming – Филм на „Netflix“

Поранешната прва дама Мишел Обама ја раскажува својата приказна во интимен документарец за нејзиниот живот. Каков бил нејзиниот живот пред да стане прва дама на Америка? Мишел во документарецот покажува една друга страна од себеси со надеж и емаптија раскажувајќи за другите за време на нејзината турнеја за книга „Becoming“ во 2019 година.

Жанр: документарец / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 93%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот