Штипјанец и Русин осудени во САД за компјутерски криминал: Успеале да извлечат 530 милиони долари од сметки од целиот свет

Судот во САД осуди Русин и Македонец на затворска казна за учество во голема операција со компјутерски криминал, соопшти американското Министерство за правда.

„Денешните казни треба да послужат како предупредување за секој веб-домаќин кој доброволно гледа на  разните начини за брзо заработување на пари, со порала дека  Соединетите држави ќе ги повикаат на одговорност овие лоши актери, дури и кога работат зад компјутерскиот екран на одалеченост од половина свет“, рече помошникот јавен обвинител Николас МекКваид.

Сергеј Медведев, 33, од Русија и Марко Леопард, 31, од Северна Македонија, Штип се осудени на десет и пет години, според соопштението на Министерството за правда. И двајцата претходно се изјаснија за виновни за криминален заговор пред федералниот суд во Невада.

Медведев кој беше уапсен во Тајланд во 2018 година, беше ко-основач на „Организацијата за измама“, пазар за фалсификувани документи, украдени информации за банкарски и кредитни сметки и за лична идентификација“, соопштија властите.

Под слоганот „Во измама веруваме“ мрежата – која имаше над 10.000 членови на својот врв – беше едно од најдобрите места за купување украдени информации, што доведе до штети од над 568 милиони долари.

Леопард се приклучил на мрежата во 2011 година и бил домаќин на веб-страници за членови на оваа злосторничка организација кои сакале да продаваат нелегална стока и услуги преку интернет, соопштија властите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот