Штип: Уште четири работнички од иста конфекција позитивни на Ковид-19

Со денешниот извештај, бројот на вкупно заболени во оваа конфекција се искачи на 10.

Во Штип денеска се забележани уште четири нови случаи со коронавирус, а сите биле текстилни работнички од конфекцијата која веќе е затворена, пренесува ММС.

Со денешниот извештај, бројот на вкупно заболени во оваа конфекција се искачи на 10.

Во текот на денот се очекуваат резултатите од уште неколку тестови, со што оваа бројка за денеска може да не е конечна. Во изолација се 42 лица.

Конфекцијата станува ново жариште на ковид во Штип. Просториите се дезинфицирани, а сопственикот самоиницијативно ја затвори на една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот