Раде Трајковски - Штекли/ Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Штекли има фирма за одгледување живина, со нов директор – кандидат за советник на ДУИ во Струга

Хадис Доко, 21-от по редослед на кандидатската листа за членови на Совет на Општина Струга од редовите на коалицијата предводена од ДУИ на претстојните локалните избори, од минатиот месец е директор на фирма на Раде Трајковски-Штекли, кому му се суди за организирана продажба на дрога, објави „Фактор“.

Доко од Струга од септември е управител на „РФ-Груп“, основана лани во јули од Раде Трајковски со дејност за „одгледување живина“, на местото на Бранислав Зајков од Битола, еден од обвинетите во случајот „Штекли“ кој во август беше дел од групата што поднесе предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

За членот на ДУИ во кампањата пишува дека е „млад професионалец со искуство во стратешки проекти за патна инфраструктура, кој работел како надзорник на изградбата на коридорите 8 и 10Д од страна на „Бехтел и Енка“.Наведено е дека е инженер за комуникации и транспорт и претставник на градот Струга.

Трајковски беше уапсен на почетокот на годинава во полициска акција по Наредба на Обвинителството за организиран криминал.Тој се сомничи за организирана трговија со дрога, а популарен во јавноста стана откако имаше неколку неуспешни обиди за негова егзекуција.

Обвинителството пред два дена започна со изведување на докази, откако Кривичниот суд на минатото рочиште донесе одлука дека Штекли е способен да го следи судскиот процес за делото кое му се става на товар заедно со останатите обвинети – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Штекли тврдел дека не е психички способен да го следи судењето – наместо во болница во затвор чека полициска асистенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот