Штајнмаер дојде во Кавадарци со „Мерцедесот“ што го купија Груевски и Јанкулоска

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер попладнето пристигна во посета на Кавадарци со владино возило – луксузниот „Мерцедес“ вреден 600.000 евра, кој беше набавен во времето на поранешниот премиер Никола Груевски и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пишува „Фокус“.

И Груевски (во отсуство) и Јанкулоска во случајот „Тенк“ беа осудени за набавката на „Мерцедесот“, односно за примање награда и противзаконито влијание. И тогашниот началник за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски, беше осуден на затворска казна во случајот, за злоупотреба на службената должност и овластување.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за „Фокус“ потврдил дека се работи за спорниот, блиндиран луксузен автомобил.

Пред околу пет години, поранешниот премиер Зоран Заев јавно најави дека „Мерцедесот“ ќе биде продаден, а со парите ќе се набават амбулантни возила. Потоа автомобилот беше конзервиран бидејќи беше материјален доказ во случајот „Тенк“, па продажбата беше одложена.

Според тоа што можеше да се види денеска во Кавадарци, Владата очигледно ги напуштила плановите за продажба на луксузниот автомобил и таа ќе го користи за своите потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот