ШПАНСКИ ТУРИСТИ ПРЕЖИВЕАЛЕ ХОРОР ВО АЛБАНИЈА: Му се пожалиле на лошата храна, тој им скокнал на хауба да ги тепа! (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански туристи, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.

– Туристите во комбето, со кое управувал Албанец, се преплашени. Освен петмината Шпанци, во него се наоѓаат уште двајца Албанци, кои не можат да ја разберат будалштината на Михаил Кокдима, сопственикот на ресторанот – наведува телевизијата.

Шпанците прво физички биле нападнати во ресторанот кога му се пожалиле од лошиот квалитет на храната. Тој почнал да фрла тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната па кога тие заминувале скокнал врз хаубата на која се забележува и крв.

Возилото било забележано од припадници на специјалната единица за брза интервенција, кои со автомобил се движеле во тој регион, по што им притекнале на помош. Двајца од туристите добиле и потребна здравствена заштита, а биле посетени и од министерот за туризам Бленди Кљоси.

Шпанските туристи биле петчлено семејство кое во Саранда пристигнало со јахта.

Албанската полиција соопшти дека насилникот е уапсен, а ресторанот затворен.

Премиерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот на ресторанот, кого го нарече „варварин“ и ја засрамил целата нација, бидејќи го „прекршил светиот код на албанското гостопримство“.

 

https://www.facebook.com/watch/?v=461534684701489

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот