Шпанците веднаш го нападнаа Ѓоковиќ, како може тој да тренира? (ВИДЕО)

фото: твитер

„АС“ се прашува дали има дозвола да го прави ова најдобриот тенисер на светот…

Новак Ѓоковиќ тренираше во Марбеља, а неговата „акција“ предизвика голема полемика во Шпанија.

Поголемиот дел од претходниот период, Србинот го помина во Марбеља, а понеделникот го искористи за тренинг на теренот.

Но, тоа во Шпанија е забрането да се прави до 11 мај, па оттука се прашува и еден од најпознатите шпански медиуми, „АС“, дали првиот светски рекет има дозвола за вакво нешто..

Во теорија, спортските терени не можат да се отворат до првата фаза на попуштање на мерките, а тренинзите мора да бидат индивидуални. Шпанската тениска федерација во своето соопштение информираше дека никој, ниту професионалните тенисери, не можат да тренираат на терените. Така што нема дилеми, и Ѓоковиќ, кој не е шпански резидент, исто така треба да ги почитува правилата, како и секој приватен клуб – пишува „АС“.

Ѓоковиќ го објави ова видео на социјалните медиуми и се гледа како игра со пријателот и тренер, Карлос Гомез Ерера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот