Шпан: Потребни се уште 10 до 14 дена затворање на земјата за да се намали бројот на новозаразени

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан/Фото: EPA-EFE/MIKA SCHMIDT / POOL

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека е потребно строго затворање на земјата за уште 10 до 14 дена за да се спречи скокот во случаите на новиот коронавирус во земјата, јави ДПА.

– Ако ги погледнеме податоците, вклучително и денешните, ни требаат уште најмалку 10 до 14 дена целосен прекин на контактите и на движењето, рече тој.

Според Шпан, следната недела треба да има целосно затворање во Германија, кое ќе заврши со католички Велигден, како и минатата година во исто време кога на Германците им беше кажано да останат дома за време на велигденските празници и да избегнуваат какви било контакти.

Претходно оваа недела, Владата на канцеларката Ангела Меркел се откажа од својот план за заострување на ограничувањата за време на католичкиот Велигден, тврдејќи дека спроведувањето е попречено од логистички и правни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот