Шолц: Ако се наруши територијалниот интегритет на Украина, ќе се плати висока цена

Олаф Шолц
Новиот германски канцелар, Олаф Шолц/ Фото: ЕПА

Поради зголемените безбедносни тензии на руско-украинската граница, германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека „нарушувањето на територијалниот интегритет ќе има висока цена”, пишува Политико.

-Деновиве со голема загриженост ја следиме безбедносната ситуација на руско-украинската граница, рече новиот германски канцелар во обраќањето пред Бундестагот.

Тој додаде дека за оваа тема денеска попладне ќе се разговара на Европскиот совет и на самитот на Источното партнерство на Европската унија.

-Доколку сите сè уште не разбрале, дозволете ми сега да го повторам тоа што го кажа и мојата претходничка на функцијата. Секое нарушување на територијалниот интегритет ќе има цена, и тоа висока цена, рече Шолц.

Западот се сомнева дека Русија подготвува нова инвазија на Украина и распоредува сили на заедничката граница.

Кремљ ги отфрла овие обвинувања и тврди дека на Русија и се заканува НАТО, кој го вооружува Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот