Шкупи и Шкендија ја продолжуваат битката за европска фудбалска есен

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Двете преостанати македонски екипи во европските купови, Шкупи и Шкендија вечерва ги играат првите натпревари од третото квалификациско коло.

Македонскиот шампион Шкупи од 21 часот во Даблин му гостува на Шамрок Роверс во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на Европа, додека Шкендија (19 часот) му гостува на АИК Стокхолм во Лигата на конференции.

Фудбалерите на Шкупи во квалификациите за Лигата на Европа дојдоа преку квалификациите во Лигата на шампионите каде беа елиминирани од Динамо Загреб и против Шамрок имаат шанса да остварат историски успех. Доколку го елиминираат ирскиот тим, фудбалерите на Шкупи ќе обезбедат пласман во финалната рунда за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Дополнителен мотив за Шкупи пред вечерашниот натпревар и е вчерашната одлука на Ирците авионот да слета на аеродромот во Даблин, каде ќе се игра средбата, туку на аеродром што е оддалечен 300 километри од главниот град на Република Ирска.

И фудбалероте на Шкендија првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции ќе го играат на гости, во Стокхолм против АИК. Тетовските „црвено-црни“ во досегашните четири натпревари во квалификациите остварија три победи и едно реми во пресметките со Арарат Ереван и естонска Валмиера.

Овој пат Шкендија нема да ја има фаворитската улога, но тренерот Артим Шаќири најавува игра на позитивен резултат.

– Натпреварот против АИК се разликува од двете претходни кола. Веќе кажав дека АИК е фаворит, но фаворитот останува само на хартија бидејќи кога влегуваме на терен само се почитуваме самите себеси. Дојдовме тука да одиграме добар натпревар и да извлечеме позитивен резултат. Ќе се обидеме да ги почестиме навивачите и „Балистите“ кои поминаа долг пат за да го поддржат тимот. Се надеваме дека ќе го реализираме планот и ќе се пласираме во следната рунда – рече тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот