фото: ФК Работнички

Шкупи и Работнички повторно поразени – поранешните шампиони сè подлабоко тонат

Шкупи и Работнички го заокружија катастрофалниот прв дел од сезоната со нови порази на домашен терен, со што двата поранешни македонски прваци остануваат „заглавени“ на самото дно од табелата и сериозно се закануваат со испаѓање во понизок ранг.

Работнички влезе во дуелот со Силекс со надеж за прекин на лошата серија, но „романтичарите“ повторно ја разочараа својата публика. Кратовци одиграа сигурен меч и славеа со убедливи 0-3. Мирчевски блесна со два погодоци во раната фаза од мечот, подигнувајќи го својот сезонски биланс на девет гола. Додев во последните моменти од полувремето стави точка на натпреварот со третиот гол за Силекс.

Во меѓувреме, Шкупи останува цврсто закован на последното место со само еден освоен бод. Екипата од Чаир загуби од Брера со 1-3, во натпревар што гостите од Струмица го отворија фуриозно. Макиќ и Ивановски донесоа водство од 0-2 уште до 17. минута, а Тодоров во вториот дел зголеми на 0-3. Единствениот погодок за Шкупи го постигна Шуку, но тоа беше далеку од доволно за каква било закана.

Двата клуба сега се соочуваат со тревожна реалност – борба за опстанок која станува сè потешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот