Шкендија победнички пред европскиот меч со Ботошани!

фото: instagram/fcshkendija

Денеска се одиграа два натпревари од петтото коло во Првата македонска лига, Шкендија беше убедлива кај Беласица (0:3), а Силекс загуби на гостувањето од Струга Трим Лум (2:0).

Шкендија која се подготвува за новиот предизвик во Лига Европа во второто квалификациско коло наредниот четврток (17. септември) во Романија против Ботошани, на стадионот „Младост“ во Струмица го оствари третиот триумф сезонава во шампионатот.

Сите голови беа реализирани во второто полувреме, за водство во 54 минута стрелаше Тотре, а сите дилеми околу победникот го реши Ибраими кој двапати се запиша во листата на стрелците за период од три минути (83`, 86`).

Струмичани и натаму се единствените без освоен бод во првенството со еден постигнат гол и 15 примени на дното на табелата.

И Силекс се подготвува за настапот во ЛЕ и дуелот во Скопје против косовската Дрита, но имаше неуспешна „генералка“ откако загуби со 2:0 на Градскиот стадион во Струга.

Стружани благодарение на Лена во 77 и Миленковски во 89 минута успеаја да слават против екипата од Кратово.

1МФЛ, 5. коло

Сабота (12 септември) –

Беласица-Шкендија 0:3
Струга Трим Лум-Силекс 2:0

Недела, 13 септември

16.00 часот
Пелистер-Македонија ЃП
Вардар-Шкупи
Ренова-Работнички
Борец-Академија Пандев

Табела: Шкендија 11 бодови, Силекс 10, Шкупи 10, Струга Трим Лум 7, Македонија ЃП 6, Работнички 5, Ренова 5, Пелистер 5, Борец 5, Вардар 4, Академија Пандев 3, Беласица 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот