Ашковски: Ја почитуваме Шкендија, но играме дома и се надеваме на триумф!

фото: facebook.com/pg/fcbotosani

Македонскиот прволигашки клуб Шкендија со ждрепка во Нион го доби ривалот во второто квалификациско коло на Лига Европа, а наредниот ден и потенцијалниот противник во следната фаза.

Тетовските „црвено-црни“ ќе се обидат да дојдат до поволен резултат, но истите амбиции ги имаат и нивните следни противници на меѓународната сцена, Ботошани од Романија.

За оваа екипа настапуваат двајца наши фудбалери, Стефан Ашковски и Давид Бабунски кои во првото квалификациско коло на ЛЕ го елиминираа претставникот на Казахстан, Ордабаси.

Дуелот помеѓу Ботошани и Шкендија е закажан за 17 септември на теренот во Романија.

Ждрепката одлучи да играме со Шкендија, мечот ќе биде интересен. Играме на домашен терен и се надеваме на победа, но секако ја почитуваме Шкендија – ни изјави играчот на романскиот клуб Ботошани, Ашковски.

Во новата натпреварувачка сезона 2020/21 во најсилниот романски шампионат Ботошани стартуваше со две победи над Аргес (2:3) и Поли Јаши (4:0).

Задоволен сум од настапите, тука во клубот е и Давид Бабунски. Имаме одличен тим и се надеваме дека оваа сезона ќе ја завршиме подобро отколку претходното четврто место – додаде Ашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот