ЛЕ: Мурињо повторно во Скопје, Ренова на мегдан против Галатасарај!

фото: kfshkendija.com

Македонските претставници Силекс, Ренова и Шкендија веќе ги дознаа ривалите од второто квалификациско коло на Лига Европа, а денеска во Нион и можните противници во третото квалификациско коло за пласман во плеј-офот во истото натпреварување.

Силекс од Кратово доколку ја елиминира косовската екипа на Дрита, во следната фаза ќе се соочи со полската Легија Варшава на гостински терен.

Потоа, Шкендија во третото квалификациско коло на Лига Европа ќе игра дома против подобриот од Локомотив Пловдив (Бугарија) и Тотенхем (Англија), но претходно играчите на тренерот Ѓока мора да излезат како победници во Романија против Ботошани.

Тотенхем е предводен од португалскиот менаџер Жозе Мурињо кој веќе беше во Скопје за време на спектаклот од УЕФА Суперкупот кога неговиот Реал Мадрид триумфираше во 2017 година против Манчестер јунајтед (2:1).

И на крајот Ренова доколку биде подобра од Хајдук Сплит, на гости ќе игра со Нефчи (Азербејџан) или Галатасарај (Турција). Натпреварите од 3. квалификациско коло ќе се играат на 24 септември, а победниците од сите мечеви ќе се пласираат во плеј-офот на ЛЕ.

ЛЕ: Ренова со Хајдук Сплит, Романци за Шкендија, Силекс против Дрита!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот