ЛЕ: Ренова со Хајдук Сплит, Романци за Шкендија, Силекс против Дрита!

фото: принтскрин/uefa.com/uefaeuropaleague

На денешниот ждреб во Нион (Швајцарија) трите македонски екипи Силекс, Ренова и Шкендија ги добија нивните ривали во второто квалификациско коло на Лига Европа.

Силекс кој беше елиминиран во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, автоматски беше сместен во втората рунда во која ќе се соочи на домашен терен со косовската Дрита која е предводена од тренерот Ардиан Нухиу, а во составот се Ардиан Цуцули и Изаир Емини.

Потоа, Шкендија која на првата пречка беше подобра од азербејџанскиот Сумгајит (0:2) за пласман во третото квалификациско коло ќе игра против Ботошани во Романија во чиј клуб играат двајца наши интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

И на крајот Ренова која на стартот триумфираше во Ерменија над Алашкерт (0:1), како домаќин во Скопје ќе игра против Хајдук Сплит од Хрватска.

Дуелите за оваа фаза се закажани за 17 септември, а како што е веќе познато ќе се игра по само еден натпревар пред празни трибини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот