Шилегов: Сметките за вода не се покачени, надоместокот за зеленило е со одлука на Советот од 2012 година

фото:МИА

Согласно одлука на Советот на Град Скопје од 2012 година ставката за надоместок што се плаќа од наплатената сума за вода од 19,5 отсто е исплаќано на ЈП „Паркови и зеленило” уште тогаш.

Онаа што сега е направено по налог на Регулаторна комисија, е разложена цената на вода за пиење, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на новинарско прашање околу информациите дека граќаните почнаа да се жалат дека добиле повисоки сметки за вода за околу 20 отсто.

– Тоа не е одлука на Советот на Град Скопје. И не е нова одлука. Цената на водата е непроменета, надоместокот за зеленило е со одлука на Советот од 2012 година. Она што ние го направивме е согласно решението што го доби Градот Скопје од страна на Регулаторната комисија согласно законските решенија од 2016 година дека мора да се издвои ставката за одржување на градското зеленило и сега таа е воведена во сметките за вода. Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило”. А процентот од 19,5 осто што сега за прв пат се гледа на сметките како таков постои од 2012 година, само првпат го правиме видлив во самата сметка – рече Шилегов на промоцијата на новиот парк во Топанско поле.

Тој посочи дека не може да знае дали некои индивидуални сметки за вода се повисоки и додаде дека скопјани пијат најевтина вода во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот