Шилегов: Нема грешки на проектот за БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста

Петре Шилегов / Фото: Скриншот

Нема стратешки недостатоци на проектот за брз автобуски превоз и тоа е единствената опција за современ  јавен транспорт во Скопје, е ставот на  поранешниот градоначалникот Петре Шилегов, откако градоначалничката Данела Арсовски изјави дека две години се работело на отстранување на грешки во проектот, па затоа дури сега ќе започне реализацијата на БРТ .

На тој проект работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение е врз таква експертска основа. Ние имавме презентација на проектот на кој што беа инволвираните луѓе. Тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година. Арсовска ја прекина постпаката. Ова е фрлање прашина во очи на јавноста – рече Шилегов во вестите на Тв Сител.

Околу најавеното ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз, Шилегов вели дека не постои ништо што е бесплатно. Тој додаде дека граѓаните се изневерени од зборови кои не биле реални потенцирајќи дека единствена можност за поевтинување на превозот е БРТ, кој би ги намалил цените на јавен транспорт значително, за дури 70отсто.

Тоа звучи убаво, но еве видовме што се случува со јавниот превоз во градот. Тоа сето се удира врз граѓаните, истакнува екс-градоначалникот.

Градоначалничката Арсовска се премисли во врска со брзиот автобуски превоз, проект што го започна претходното градско раководство. Иако на почетокот на својот мандат тврдеше дека нема да се реализира проектот за БРТ, сега вели дека ветила дека ќе ги продолжи сите започнати проекти од претходното градско раководство, но дека најпрво треба да се исправат грешките и пречките во проектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот