Шилегов: Лажните бездомници од дивите населби нема да добијат бесплатни станови

 Министерството за труд и социјална политика презема активности за раселување на лицата кои живеат на дивите депонии под Кале, во Ќерамидница и на Вардариште, а кои се идентификувани дека имаат свој дом, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање тој нагласи дека лицата што се претставуваат како бездомници и престојуваат во диви населби, нема да добијат бесплатни станови од државата.

– Она што јас го имам како информација е дека станува збор за лица на кои некој им ветуваат дека ако се наоѓаат во тие населби ќе добијат бесплатни станови од државата, што навистина не е точно. Кога ќе ги идентификувате по личните карти, тие се некаде жители на Скопје, каде што имаат свој дом. Меѓутоа, има дел од бездомните лица кои Министерството за труд и социјална политика ги сместува во капацитетите со кои располагаме на територијата на Градот Скопје, одговори Шилегов.

Шилегов рече дека очекува со координираната акција на Владата за чистење на 14 декември годинава да бидат опфатени и овие диви населби.

Тој потенцира дека колку има послободни такви локации, толку почесто луѓето ќе створат навика да одат да живеат во такви диви населби. Тој најави дека доколку сопственикот на приватното земјиште под Кале не преземе соодветни активности, тогаш градските власти ќе бидат принудени да изречат определени санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот