Шилегов ќе ги учи скопјани како да фрлаат ѓубре

Фрлај го отпадот од 19.00 до 22.00 часот, користи затворени пластични кеси, одвој го пластичниот и стаклениот отпад, се дел од упатствата на летоците, кои, од денеска, доаѓаат со месечните сметки за вода. Од нив, скопјани можат да се информираат како да фрлат електронски отпад, мебел, односно за правилно одлагање на отпадот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека прашањето за градската хигиена зависи и од граѓаните.

– Тоа е секојдневен циклус во кој што Градот е должен да овозможи навремен и соодветен сервис, а граѓаните и правните лица се должни да се придржуваат до пропишаниот комунален ред. Само на тој начин, со сечија реализација на својот дел од обврските, можеме да се надеваме на значајна промена на планот на градската хигиена. На задната страна на овој леток дадени се насоки за правилно одлагање на комуналниот отпад и телефонските броеви за пријавување кабаст и електронски отпад. Овие насоки не се однесуваат само на корисниците на новите контејнери, туку на сите. Наведен е и телефонот на градскиот инспекторат за да можете да пријавите неправилности кога ќе ги посведочите – напиша Шилегов на „Фејсбук“.

Градскиот татко, ги замолува скопјани да ги почитуваат насоките. Целта, според Шилегов, е сите заедно да влијаеме на подобрување на хигиената во Скопје и за чиста и здрава животната средина.

– Чистотата на јавните површини зависи од сите нас, напиша Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот